Актерот и шоумен Игор Џамбазов се потсети на училишните денови поминати во скопската гимназија „Георги Димитров“ и оценките кои го добил во ученичката книшка.
„Прва година, прво полугодие. Гимназија „Георги Димитров“ – 1978 Математика од раѓање – тапа. Енд мај инглиш уозант гуд инаф. Поведение примерно“, напиша Игор на видеото кое го објави на Фејсбук.
Игор редел петки по македонски јазик, латински, хемија, физика, биологија, географија, историја, ОНО, ликовно и физичко. Една четворка по англиски јазик и тројка по математика.