За Тамара Тодевска нејзиниот сопруг Александар и Андреј од ДНК се татковци на годината. Таа објави фотографија на која двајцата мажи на рамо ги носат своите ќерки – Александар ја носи Хана, а Андреј Јана.
Тамара соработуваше со Андреј и Панчо пред неколку години кога ја снимија песната „Фрази љубовни“ за нејзиниот последен албум. Но, тие се и добри другари, па на дружбите понекогаш ги носат и своите деца.
Во моментов Тамара подготвува нов албум, кој, како што нодамна рече за „Репортер“, планира да го издаде во текот на годината.