ВИДЕО: Мажите ќе сакаат да го погледнат повеќе пати новиот секси спот на Наташа Малинкова

By

 

По неколкуте одлични кавер обработки, познатата пејачка Наташа Малинкова ја објави својата најнова песна со наслов „Еј Мама“, за која сними и видеоспот.

Станува збор за песна со модерни звуци, налик познатите светски хитови.

– „Еј мама“ е едно ново музичко искуство за мене, а верувам и за публиката која ќе има прилика да ме види сега во едно поинакво издание. Спотот во суштина е една кореографија, односно танц кој одлично кореспондира со самиот текст во песната благодарение на Ивана Балабанова и „Битрикс“. Напорно вежбавме да го постигнеме овој ефект.  Нов звук , модерен аранжман и урбана тема, така обработена и во видеото. Се надевам ќе ви се допадне – вели Наташа.

Како автор на новата нумера комплетно се потпишува Столе Аврамов со кого Малинкова работи веќе десет години.

Ќе ви се допадне