Актерот Владимир Тулиев објави дека зарботил отказ од штипскиот театар. Тој се пожали дека по 42 години од неговата прва професионална претстава, вчера утрината му стигнало отказното решение.
„Е да, драги мои колеги, пријатели и моја најдрага публико, после 42 години од првата професионална театарска претстава, сабајлево ми стигна и отказно решение! Како и да е, не дозволувајте да ви плукааат на трудот, талентот и актерската креација. Не дозволувам ниту јас. Ви Благодарам за поддршката“, напиша Тулиев.
Тој доби голема поддршка од неговите колеги и пријатели.
Тулиев го глумеше Дончо во „Преспав“, а има играно и во филмовите „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, „Година на мајмунот“, „Панкот не е мртов“, „Трето полувреме“ и други.