Мел Гибсон: Холивудските педофили повеќе нема да можат да се кријат!

Мел Гибсон во своето најново интервју изјави дека скандалот со сексуалните малтретирања во Холивуд допрва ќе се влошува и на виделина ќе излезат многу работи тврдејќи дека холивудските педофили повеќе нема каде да се кријат.

Говорејќи на Дублин на премиерата на својот нов филм Daddy’s Home 2, холивудската ѕвезда беше запрашан од страна на водителот на радиото Newstalk, Хенри Мекеан, за моментната атмосфера во Холивуд.

Гибсон изјави дека се надева оти ќе биде позитивен исходот со жртвите од сексуалното вознемирување и малтретирање кое сега се појави во јавноста, јавува Newstalk.com.

Тој изјави: „Мислам дека многу светлина ги осветли големиот број темни места токму сега, и тоа со право“.

„Во таа смисла тоа е трагично затоа што многу сиромашни жртви морало тоа да го проживеат. Тоа е мачно за нив, но тие со тоа ќе се ослободат со помош на јавното преиспитување“.

Враќањето на Гибсон

Неговата кариера била во застој од 2006 година кога бил фатен поради возење под влијание на алкохол, а забележани се и антисемитски забелешки по апсењето.

По половина деценија помината на екранот, Гибсон направи постепено враќање во последните неколку години, што кулминира со неколку номинации за „Оскар“ вклучувајќи ги оние за најдобар филм и најдобар режисер за своето најново режисерско дело Hacksaw Ride.

Говорејќи за својата постапка, тој изјави: „Ти едноставно не можеш да престанеш да дишеш“.

 

 

Scroll to Top