Пејачот Димитар Андоновски беше во посета на семејството Милески од Скопје од каде продолжи со божикните покани за божикната претставата што ќе се одржи на 6 јануари пред храмот „Свети Димитриј“.
Димитар на Мелина, сопственичка на познат салон за убавина, ѝ подари божикна пештера. Тој ја покани заедно со нејзиниот сопруг и петте деца да бидат дел од големата манифестација и заедно да ги прослават Бадник и Божик.
„Имаме многу изненадувања, многу колачиња и бадниково чајче. Ни останува на 6 јануари да се дружиме сите заедно“, порача Андоновски.
Претставата ќе почне во 20 часот.
Во деновите што следуваат, најавено е и снимањето на божикната песна „Небо и земја“. Станува збор за уште една православна божикна песна која деновиве ќе ја пеат поп-пејачите кои лани ја пееја „Вечниот Бог“.