„Меморија“ ја промовираше антологијата со балади

By

По 25 години култната група „Меморија“ издаде албум на кој се снимени 11 песни. Албумот е под наслов „Меморија антологија балади“.

Покрај новото цеде, „Меморија“ се подготвуваат и за претстојниот концерт кој ќе се одржи на 18 ноември во Матрополис арена. Подготовките се во тек, а  членовите на бендот засега сами го финансираат концертот.

Во план е уште едно цеде  „Меморија грејтис хитс“.. На концертот гости ќе бидат групата  „Зијан“,  Мики Јовановски Џафер и Пере од „Нокаут“.

Продажбата на картите за концертот на „Меморија“ е во тек, а цената е 500 денари.

Ќе ви се допадне