Вчера, 18.07.2017, на 89 годишна возраст почина Ангелина Иванова пензиониран актер на Драмскиот театар Скопје.
Ангелина Иванова е родена на 21 март 1928 год. во Крушевац. Завршува трети клас гимназија во 1946 година. Работи на Куклената сцена, во Младинско-детскиот театар и Драмски театар Скопје. Во Драмски театар работи се до пензионирањето, каде одигра повеќе од 80 улоги.
Селективна театрографија: Самовила Добрана (Волшебната гусла, 1954); Самовила Зеленка (Маѓепсникот од Оз, 1954); Смешко (Снежана и седумте џуџиња, 1954); Госпоѓа Бедвин/ Четврто сираче (Оливер Твист, 1954); Сојка (Шекерното дете, 1955); Султанија Бурдулбурдул (Аладин и волшебната ламба, 1955); Папагал Полинезија (Доктор Долитл, 1956); Оган (Волшебното килимче, 1957); Самовилата на убавината (Трнорушка, 1958); Елена (Кога бранот бучи, 1960); Вражалка/Дама/ Искуство (Авторбиографија, 1961) Госпоѓа Бамбли (Оливер Твист, 1963); Лај Му (Украдениот принц и Изгубената принцеза, 1963); Мирса (Бегалка, 1965);Жена (Богомилска балада, 1965); Госпоѓа Ерблеј (Кројач за дами, 1965); Баба (Дундо Марое, 1966); Марина (Бумеранг, 1969); Втората вештица (Макбет (1969); Шарлота (Оскар, 1970); Селанка (Богунемили, 1971); Костадинка (Свадба, 1972); Урганила (Јас, Клаудиј, 1972); Босица (Хамлет од Долно Гаштани, 1973); Црно срце (Најголемиот подвиг на витезот Сукало, 1974); Госпоѓа Травиќ (Нарачана комедија, 1974); Анѓа Врчек (Полнета птица, 1982).
Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел денес, 19.07.2017 (среда) од 13.30 – 14.30 часот.
Комеморацијата ќе се оддржи во Драмски театар Скопје, на 20.07 (четврток) со почеток во 10:00 часот.
Нека и е вечна слава!