„Мерцедесот“ на претседателот на Стопанската комора за енергетика, Ѓорѓи Манасков, почнал да чади додека возел, а другите возачи му сигнализирале дека нешто не е во ред со неговиот автомобил. Ова се неофицијални иформации и од МВР и од оечвидци што се затекнале таму.
Според официјалните информации, пак, од МВР, пожарот бил пријавен вечра во 21.14, а се случил на обиколницата во близина на клучката кај Мирковци.
Возилото го управувал Манасков, а внатре бил со уште еден сопатник.
„Настанал пожар во патничко возило во движење ‘мерцедес’, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ. М. (48) од Скопје. Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен, велат од МВР. Синоќа на фејсбук-страницата на Стопанската комора за енергетика беше објавено дека возилото на Манасков експлодирало и изгорело за три минути.