Ми беше тешко да ги прифатам белите дамки, но научив да си го сакам моето тело, каратистката Пуликсенија Јованоска проговори за болеста витилиго

Македонска каратистка Пуликсенија Јованоска (28), која неодамна се натпреваруваше на Олимпијадата во Токио, е на одмор во Охрид. Таа објави фотографија на „Инстаграм“ во бикини и покажа дека има проблеми со депигментацијата на кожата, позната и како витилиго.

„Привилегија е да се биде поинаков. Ми беше тешко да прифатам, но сега си го сакам своето тело”, открива Јованоска.

„Ти си прекрасна“, „Ние со витилиго сме посебни“, ѝ коментираа фановите и пријателите.

Јованоска неодамна се врато од Олимписките игри во Токио. Таа го освои деветтото место во кати и е првата македонска каратистка што воопшто се натпреварувала на олимписки игри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by P.Jovanoska OLY (@p.jovanoska)


Витилигото е кожно заболување што го напаѓа пигментот на кожата и се изразува со бели дамки на кожата. Понекогаш дамките се распоредени симетрично, така што некои луѓе имаат речиси еднакви дамки и на левиот и на десниот показалец. Околу 1 % од вкупната популација страда од овој кожен проблем.

Витилигото само по себе не е опасно за здравјето иако понекогаш може да биде поврзано со болестите на штитната жлезда.

Најпозната личност што се соочила со овој проблем е легендарниот поп-пејач Мајкл Џексон. Но, тој никогаш не проговори јавно за тоа. Многумина сметаат дека тоа е причината зошто тој целосно се избели.

Scroll to Top