Ми фалиш ти и твојата широка насмевка: Весна Бејби на Велигден се сеќава на својот починат татко

Актерката Весна Бејби Петрушевска прв Велигден без нејзиниот татко Кирил. Таа се присети како го поминувала празникот во негово друштво кога била мала и вели „ми правеше финти како да остане велигденското јајце твое здраво, а моето скршено… викаше така си им правел на децата во маало“.

Кога пораснала, вели Весна истата финта им ја правела на нејзините две деца, Кики и Мина.

„Денес баш и не ми се кршат јајца, не ми се смее денот. Како да ти кажам тато има една огромна празнина и ти во неа, ми фалиш да си поседиме надвор и да си разговараме кој заслужил судбина, кој не заслужил, да си раскажеме некоја од оние твоите, жал за младоста. Највеќе ми фали твојата широка насмевка. Беше најубав таков и остана…не остаре…отиде да се одмориш ….ми фалиш те сакам бескрајно“, сподели Весна Бејби.

Лани во септември почина таткото на Весна, кој го опиша како човек со голем дух и шарм. Исто така таа пишуваше и за љубота помеѓу нејзините родители Кирил и Сашка, и ги нарече „вечни тинејџери и прва љубов која инспирира“.

Scroll to Top