Ми рекоа сакаат убави жени во политиката, па малку да ги освежам: Манекeнката Билјана Јаневска на советничка листа на ЛДП и ДОМ

Манекенката и модел Билјана Јаневска е на листа на советници за општина Карпош, предложена од коалицијата ЛДП и ДОМ.  Таа неодамна ја понесе титулата и прва придружничка за Мис Модел Туризам во светот.

На прашењето како првата прдружничка на Мис Туризам се најде на советничката листа таа за Репортер вели:  „Сосема случајно дојде до сето ова. Откако заврши изборот за Мис Модел Туризам во светот многу врати ми се отворија. Мој добар другар спонтано ми спомна дека сакаат убави жени во политичкиот свет и дека не би било лошо малку да ги освежам. Сето тоа ми звучеше примамливо и без размислување прфатив“ ни раскажа за Репоретер Билјана Јаневска. Потоа, вели таа, ја поканиле на состанок да се запознае со луѓето во Општината па вели така и видела како сето тоа изгледа одблизу.

 

 

“ Како за прв впечаток не беше лошо. Имам чусвто дека се ќе биде како песна затоа што во тимот се прави професионалци“, вели таа.  И додава:  Ако влезам меѓу првите сакам да придонесам многу за мојата општина. Сметам дека има многу работи треба да се поправат. Велосипедски патеки, зеленило, локална демократија , повеќе ангажираност на  локалното население. Сметам дека на мојата општна и треба квалитетен кадар, советник што ќе се ангажира постојано, 24/7 достапен за граѓаните“, ни раскажа првата придружничка на Мис турзиам.

Вели дека иако сметам дека требала многу порано да влезе во политиката ни сега не е доцна.

А.Георгиев

Scroll to Top