Македонскиот шоумен и актер Игор Џамбазов на својот инстаграм-профил се пофали дека конечно му се исполнил сонот, на иста сцена да пее со Цеца. Оние кои го познаваат велат дека Игор „радоста“ за делење на иста сцена со Цеца е потсмевање на перфиден начин.
„Конечно ми се исполни сонот. На иста сцена и на ист плакат со големата Светлана …ој животе, кредиту без камата“, вели Џамбазов. Тој заедно со „Нокаут“ ќе настапи на овогодишната Пастрмалијада, која ќе се одржува од 20 до 21 септември во Штип. Игор ќе има настап првата вечер, а Цеца е најавена како главна ѕвезда на манифестацијата.