Миа и Тијана на одмор во Албанија: Ти си мојата среќа

Некогашната водителка на „Бекстејџ“, Миа Костова, е на одмор во Албанија. Таа скоро цело лето е таму заедно со нејзината партнерка Тијана. Тие објавија заедничка фотографија на која пишува: „Ти си мојот извор на среќа“. Одамна не е тајна дека Миа и Тијана живеат заедно, а за тоа Миа и неодамна зборуваше во интервју за „Репортер“.

„Тијана ме извади од мртвите. Во време кога бев во една токсична љубовна врска, од која едвај успеав да избегам, таа беше тука. Ми се смачи веќе да се зборува за мојата сексуална ориентација, ко да е тоа којзнае што. Пред сè Тијана е мој најдобар пријател и таа ме научи дека за љубов не треба да се трудиш“, искрена е Миа. Тијана ѝ помага и кога треба да се фотографира за на Инстаграм. „Една од првите работи кога почнав со Инстаграмот беа силиконските гради, кои ми се подарок“, открива Костова.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia Kostova (@miandrija)

Scroll to Top