Миди фустан со наметка во бургунди боја за крунисувањето на кралот Чарлс Трети: првата дама смени две комбинации на церемонијата

Првата дама Елизабета Ѓоргиевска промени два стајлинзи за приемот во Бекингамската палата во Лондон и за денот на крунисувањето на кралот Чарлс Трети.

На приемот беше облечена во миди класичен темно црвен фустан во бордо боја. Додека на церемонијата на крунисување која се одржа во Вестминстерската опатија таа беше облечена во миди фустан со наметка во темно црвена, бургунди боја, комбинирани со чанта и чевли во соодветен тон.

„Двете комбинации што ги носеше г-а Ѓоргиевска се од нејзината постоечка гардероба. Комбинацијата што ја носеше на приемот е изработена за посетата на претседателот Пендаровски на Грција, есента 2021, а комбинацијата што ја носеше на церемонијата на крунисувањето е изработена за посетата на претседателот на Полска во Скопје ноември 2021 година“, изјавија за Репортер од кабинетот на претседателот.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски и првата дама Елизабета Ѓоргиевска присуствуваа на историската церемонија на крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети. Првата дама, е во Лондон со претседателот Пендаровски  на поканата упатена од британската страна до шефови на држави за присуство на настаните по повод крунисувањето на британскиот Крал Чарлс Трети и Кралицата Камила.

„Вчера, претседателот Пендаровски со сопругата присуствуваа и на прием во Бакингамската палата, приреден од Кралот Чарлс Трети за странски гости – шефови на држави со кои Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска има дипломатски односи, за претставници на британските региони и прекуокеанските територии, како и за членови на кралското семејство и британската Влада“, изјавија од претседателскиот кабинет за Репортер.

Десетици светски лидери и шефови на држави беа поканети на историската церемонија, додека милиони  ја гледаа на телевизија. На крунисувањето беа поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.

Г. Додевска

 

 

 

 

 

Scroll to Top