Мики и Светлана Црнокрак прославија 26 години брак

Мики и Светлана Црнокрак прославија 26 години брак. Манекенот објави фотографии од на кои напиша „26-ка“.

Една од фотографиите е свадбената кога пред 26 години, парот заплови во брачнте води, а другата по 26 години со карикатури во рацете одбележаа 26 години заеднички живот.

Најпознатиот манакенски пар во нашата земја ги имаат двете ќерки Моника и Нина.

Во интервју за Репортер Мики раскажа како се вљубил во Светлана.

„Кога разбрав дека треба да ја земам со кола Светлана и да одиме накај Битола, нозе ми се пресекоа. По пат не ѝ правев муабет за да глумам фраер, ама во Битола се случи хемијата“, искрен е Мики. Денес имаат две ќерки Нина и Моника кои се 13 години разлика, кои исто така тргнаа по стапките на своите родители. За разликата во годините на ќерките, Мики вели: „Па интересно е во исто време да си и во градинка и на факултет“.

 

Scroll to Top