Мила Цароска е жена на годината

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, е прогласена за  „Жена на годината 2019“ на првиот македонски избор, како дел од конференцијата „200 жени претприемачки“.

Во онлајн номинирањето учествуваа 569 луѓе, а дамите со најмногу номинации формираа листа од 50 финалистки во вкупно 10 категории за кои потоа гласаше 10-члено жири составено од претставници на медиуми, компании и стопански комори.

Покрај министерката Царовска, како и признанијата за повеќе дами од различни сфери во опшетството, ќе ги спомене и Лила Филиповска  во категоријата „Инфлуенсерка на годината“, Сања Лукаревска од УЈП за „Млада жена менаџер на годината”, режисерката на филмот „Медена земја“, Тамара Котевска, го доби признанието за „Жена со најголеми достигнувања во културата”, ракометарката Сара Ристовска за „Жена со најголеми достигнувања во спортот”, а Кристина Арнаудова од „Проект Среќа“ за „Жена со најголеми достигнувања за општеството”.

 

 

Scroll to Top