Милчо Манчевски подготвува нов филм, црната комедија „Кајмак“.
Филмот раскажува приказна за два пара што живеат едни покрај други и се вклучени во нетрадиционални љубовни врски.
„Кајмак“ е во копродукција на Мета Луиз Фолдергер Соренсен и Мете Берх од Мета филмс во Копенхаген („Сопругата“, „Граница“, „Кралска афера“) и Иван Дојков од Даре филмс во Софија. Во моментов се одвива кастингот.