Миле Кузмановски по загубата на сопругата повторно го најде патот на љубовта

Фолк пејачот Миле Кузмановски, лани се ожени со Јасмина, со која ја имаат ќерката Ева. Од бракот со првата сопруга Верче, која почина во 2012 година ги има близначките Ана и Јана. „Животот со три девојчиња дома умее да биде забавен, благодарен сум за се што имам и за секој нов ден поминат во љубов и семејна хармонија“, рекол Миле за “Фокус“.

Најмалата ќерка ја крстиле Ева. Вели името им се допаднало, и нема никаква симболи. “Таа има година и три месеци, а Ана и Јана се средношколки, учат медицина. Тие имаат по 15. години, и сите три ќерки се прекрасни деца на кои сум многу горд. Среќен сум со семејството, имаме мирен живот и слога. Убаво е кога човек и професионално и приватно е исполнет“, раскажал Миле Кузмановски. Последниот албум „Крал без круна“ го сними пред пред пет години, а сега највува дека едвај чека да влезе во студио за да ги снима песните од новиот албум.

Scroll to Top