Познатата водителка Милена Антовска пред два месеца се породи со втората ќерка Јоана. Сепак, по два месеца од породувањето, таа се појави на една од телевизиите и во очи паѓа дека многу бргу се вратила во топ-форма. Неодамна таа во интревју ни раскажа дека симболично е тоа што и двете деца ѝ се родени на големи празници.
Постарата ќерка Лана Марија има четири и пол години и таа е родена на Голема Богородица. Јоана, пак, се роди на Василица. Таа ни откри дека во текот на бременоста немала проблем со килограмите и дека, освен тоа што е природно – малку кај стомакот, верува оти бргу ќе ѝ се врати на претходната тежина.
View this post on Instagram
„Јас и во првата бременост со Лана Марија не се здебелив и многу бргу се вратив на старата форма. Верувам дека и сега ќе биде така“, искрена беше водителката.
Милена Антовска: Потешко поминав со второто породување, ама сега уживам со двете ќерки