Милица Кузмановска ќе сними цеде со македонски антологиски песни

Фолк-пејачка Милица Кузмановска во моментов работи на три проекти. Еден од нив е цеде со антологиски народни песни. Таа и претходно најавуваше дека сака да сними ваков албум, но овој пат ќе го реализира заедно со издавачот „Мистер компани“.

„Многу пати сум го најавувала овој проект, но знаете како велат, од нигде-никаде некогаш едноставно од небо ви доаѓаат нештата. Јас сум воодушевена, ова е нешто што го чекам цел живот. Само да избереме песни кои не се многу пеени, но ќе има и некои познати и веќе слушнати“, рекла Милица во најавата за албумот.

Таа истовремено работи и на албум со Гоце Џуклевски, кој треба да излезе наскоро, а за кој Милица ги напиша повеќето текстови. Вели, темата е љубовна, оти сака да пишува емотивни текстови. Третиот музички проект на Милица е со колегата Ристо Тасев. Една заедничка песна со него наскоро ќе биде промовирана, откри пејачката.

 

Scroll to Top