Македонска театарска, филмска и телевизиска глумица Милица Стојанова вчера наполни 91 година. Прекрасна актерка, вистинска дама, Милица Стојанова носи речиси скоро еден цел век животно и актерско искуство. Фотографија на која таа дува роденденска свеќа и многу честитки за доајенката на македонското глумиште. Милица Стојанова е родена во Крива Паланка на 6 Јуни 1932. година.
По завршувањето на Средната театарска школа во Скопје, работела во Радио драмата во Скопје, а потоа во драмата на МНТ од 1953 до 1964 година. Од 1964 па сè до пензионирањето беше во Драмскиот театар Скопје. Добитник е на повеќе високи признанија – на највисоката републичка награда „11 Октомври“ како и наградата „13 Ноември“. Двапати е прогласена за артист на годината од страна на ревијата „Екран“