Министерот за финансии доби трета ќерка

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, доби трета ќерка. Неговата сопруга Анита денес се породи со третото дете. Породувањето поминало во најдобар ред, а мајката и бебето се добри. Во бракот со Анита министерот ги има и ќерките Ема и Каја.

Тевдовски пред да стане министер предаваше на Економскиот факултет во Скопје. Долго играл фудбал, а беше дел и од маратонот во Скопје, како и планинското трчање во Прилеп.

Scroll to Top