Мирко ПМГ музички директор на МРТ  

„Мирко Попов за директор на музичката и касетна продукција на МРТ. Пошо знае и со касети и со музика“, стои напишано на билбодрите кои деновиве осамнаа во Скопје. Всушност, овие билборди се подарок од Филип од „Полиестердеј“ како поддршка и инцијатива Мирко Попов од ПМГ навистина да стане директор на музичката и касетна продукција на МРТ.

Му направија касета за подршка, пошто се разбира од музика

Но, не е само билбордот поддршка, тука се вклучија сите што го познаваат, како и многу уметници кои прават летоци со оваа порака. Тука е и уметничката касета за поддршка што ја направи Матеј Богдановски и на која е напишано „Мирко за директор“.

Интересно е како тргнало сето ова. Всушност, Мирко напишал статус на социјалните мрежи дека сака да биде директор на музичката и касетна продукција на МРТ. Така и тргнала целата лавина, велат неговите пријатели.

„Мирко Попов со интелектуалниот капацитет и повеќе од импресивна работна биографија може да работи што сака, но позицијата директор на издавачката и касетна продукција е за доброто на цела Македонија“, вели познатиот диџеј Зоки Бејбе. И режисерот Срѓан Јанаќиевиќ со поддршка за Мирко ПМГ.

„Мирко Попов го знам долго и сме соработувале многупати, па сакам да набројам неколку работи за него: амбициозен, упорен, фер и праведен, има вкус за музика. Да, има и тој тон мани, ама кој нема. Жал ми е што нему му текна да ја почне оваа кампања. Требаше нам да ни текне“, вели режисерот Јанаќиевиќ.

А. Георгиев

 

Scroll to Top