Митрик и Самарџиски подготвени за третата сезона од музичкиот проект Roomania

Митрик и Самарџиски со најновиот микс Break Away ја затворија втората сезона од серијалот Roomania и најавија дека се подготвени и за трета сезона од музичкиот проект.

„Концептот и идејата е ослободување или, како што симболизира постерот што го изработивме, да се искорнеме од оковите на негативни мисли кои ги наметнаа медиумите и општеството. Музичкиот стил соодветствува со името на сезоната и сите миксови жанровски се во брејк-бит стил“, велат тие.

„Во третата сезона, која ја нарековме Mind Alleys, ни гостуваат артисти од Хрватска и Мексико и ќе имаме поддршка од истакнати македонски диџеи. Артистите ќе ги најавуваме редоследно еден по еден“, откри Самарџиски.

Scroll to Top