Седумнаесетгодишниот Абиола Бамијоко, кој игра во младинскиот тим за Македонија, потпиша договор со италијанскиот клуб Сампдорија.
Бамијоко играше за репрезентацијата до 17 години на Македонија, а претходно настапуваше во клубот ППЈ до 19 години, во Финска, каде е ѝ роден.
Бамијоко покрај македонско, има и финско и турско државјанство, а ова ќе биде првпат да игра за странски клуб. На почетокот Бамијоко ќе игра во составот на Сампдорија за играчи до 18 години. Ова е негов прв професионален договор во кариерата.