Младиот Никола кој боледува од рак на коските замина за Турција

Рано утрово на Меѓународниот аеродром Скопје младиот Никола кој боледува од рак на коските замина во Турција, каде следните денови ќе му бидат направени испитувања со што ќе биде утврден протоколот за неговото лекување. На аеродромот го испрати градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. “

„На Никола му подарив благословена бројаница со цел во оваа битка да го следи Божјиот благослов“, рече градоначалникот Стефковски.

За посетување, на Никола Георгиев (19)  од село Црешево, неодамна му е дијагностициран канцер на коските и за него се бараат донации. Никола, нема родители, тој живее со своите баба и дедо. Откако беше споделена веста за болеста на младиот Никола, прв кај него замина Панчо од ДНК, кој побара помош за лекување. Потоа речиси сите, пејачи, актери и други личности од јавниот живот се здружија на хуманитарен турнир во мал фудбал кој ќе се одржи на 22-ри април во Автокоманда, а средствата собрани од турнирот ќе бидат наменети за лекување.

 

Елиф Елмас, Игор Џамбазов, Кире Лазаров, Иџе во видео повикуваат за помош за Никола, преку формирање на екипи кои ќе играат на хуманитарниот турнир, велат „борбата на Никола е и наша борба“. Пријавувањето на екипи е најдоцна до 20-ти април. Број за пријавување – 078 474 627, донации за телефон А1 – 143 488 Т-1.

„Да пружиме рака и да изиграме во негово здравје, сите патишта водат во Автокоманда во школскиот двор на Стив Наумов, собери ја екипата и пријавете се на хуманитарен турнир кој ќе чини 1.200 денари од екипа, ќе се игра една натпревар по 10 минути, секоја екипа ќе добие благодарница за хуманиот гест, сите заедно со Никола да победиме во оваа битка која значи живот“, стои во описот на видеото.

(Видео) Елиф Елмас, Кире Лазаров, Игор Џамбазов повикуваат на хуманитарен турнир за Никола кој боледува од рак на коските

Scroll to Top