Македонскиот моден дизајнер Папаз ја презентираше неговата луксузна и префинета лимитирана колекција
насловена „Три“ во Сараево. Колекцијата е симбиоза на стилови од западни и источни култури, претопени вo источна Европа.
„За мене ова беше еден чекор понапред да се биде дел од еден ваков голем проект. Мојата ревија беше на отворањето на настанот која навистина беше одлично прифатена од публиката. Овие неколку дена освен што се претставував себеси, имавме можност заедно со асистентот да проследиме обуки и работилници, да присуствуваме
на покани од амбасади и да го почувствуваме есенскиот шмек на Сараево“, изјави Папаз.
Папаз за новата колекција есен-зима 2019/2020 подготви и мултимедијален проект со фотографии и со креативно
видео во кое земаа учество интересни и различен тип на жени од општеството, за Папаз следната година го очекуваат нови ревии и претставувања во други земји во Европа.