Модната дизајнерка Росица Мршиќ ја претстави новата колекција во Романија

Модната дизајнерка Росица Мршиќ ја претстави својата најнова колекција „Дрими песиџ“ на „Фестивалул де мода“ во Крајова, Романија.
На 16. издание на модниот фестивал дизајнерката беше поканета како специјален интернационален гостин на настанот од Македонија. Секоја година организаторите канат по еден интернационален гостин дизајнер претставник на различна земја, а досега на фестивалот учествувале реномирани дизајнерски имиња како: Агата Руиз де ла Прада, Кристоф Гиларм, Ким Бернардин, Ксенија Врбаниќ, Ријана де Вит, Луис де Гама, Тата Кристиане, Сузана Бетенкур.
Брендот Росица Мршиќ е основан во 2009 годината и досега бил присутен на разни модни настани и во концептуални бутици локално и интернационално, како: Њујорк, Софија, Виена, Цирих, Лозана, Минхен, Дубаи, Белград, Љубљана.
Дизајнерката е наградувана со неколку модни награди досега: „Верабл арт“ во модниот дизајн за модната колекција пролет/лето 2019 на „Биг си фестивал“, во Љубљана, Словенија.

Scroll to Top