Моника Црнокрак е најфотогенична девојка во светот

Моника Црнокрак ја претставуваше Македонија на изборот за убавина Miss Summer International 2018, кој синоќа се одржа во „Мерит Ројал и Премиум“ во Киренија, Кипар.

„Таа успеа да ја освои титулата Miss Photohenic во нејзиниот прв интернационален настап како претставничка на Македонија и така продолжи по стапките на нејзината мајка Светлана Црнокрак која многу пати учествувала на избори како во Македонија, така и низ светот и освојувала титули“, ни рече Мики Црнокрак.

Победничка е претставничката на Молдавија, прва придружничка е Белорусија, а втора Португалија

Scroll to Top