Пејачката и водителка Бојана Скендеровски, вели дека е среќна во ужива во бракот со сопругот Васко, со кого ги има ќерката Искра и синот Ѓорѓи. Освен што за Васко вели дека е најдобриот сопруг на светот таа често споделува приватни семејни фотографии со емотивни пораки.
Овојпат таа на својот Инстаграм сподели уште една силна порака посветена на семејството, заедно со фотографија:
„Низ животот може да имаш и брда и долини,и авиони и камиони,може да ги имаш сите можни титули,може да си и најубаво и најскапо облечен,може да имаш сѐ што се брои со пари, но немаш ништо ако твојот дом не е изворот на твојата среќа и мир, вели Бојана.