Може идол сум ѝ, па ме спомнува: Сања (Барби) Цинцева по престрелките со колешката Сани Гроздановска

Фолк-пејачката Сани Гроздановска неодамна објави статус за својата колешка Сања (Барби) Цинцева во кој напиша: „Само да прашам, Сања (Барби) Цинцева дали си ги изми забите пред да го спомне јавно моето име? Ако не па да ѝ купам четка и паста за заби“. Тогаш ја прашавме Сани зошто ваква објава за колешката Цинцева, ама таа ни рече дека не дава изјава. Сега, конечно, се огласи и Сања (Барби) Цинцева, која за „Репортер“ ни ја кажа својата страна:

„Не знам што да кажам, може идол сум ѝ. Инаку, во едно интревју пред не знам колку време таа ме спомува мене откако ја прашаа со која од колешките е скарана. И јас го добив истото прашање во емисијата и јас истото тоа го одговорив и не ја навредив бидејќи јас немам таков речник, како четки, заби. ама ете секој со својата култура“, вели Цинцева.

Исто така, Сања Цинцева рече дека немала ништо против своите колешки Сузана Гавазова и Елена Велевска. Таа на социјалните мрежи, пак, напиша дека отсекогаш биле во добри односи и така ќе остане. Што се однесува за односот со Сани, покрај изјавата, таа напиша: „Точно е дека во минатото имало недоразбирање и медиумска престрелка, но преку наш заеднички разговор на некој начин ги смиривме страстите и ги надминавме недоразбирањата“, објави таа.

(А. Г.)

Си ги изми ли забите пред да ме спомнеш: Се скараа Сани Гроздановска и Сања Барбика

Scroll to Top