Поранешниот селетор на македонската репрезентација Игор Ангеловски треба да седне на клупата на Динамо Загреб. Откако денеска „Модрите“ му дадоа отказ на досегашниот тренер Копиќ, Ангеловски е најсериозен кандидат за презимање на клупата на трофејниот клуб, пренесува Спортмедиа .
Мрме наводно е на пат за Загреб, иако хрватските медиуми се уште не ја објавиле веста, освен дека Анте Чачиќ е привремен тренер на Динамо Загреб. Веста за Чачиќ навивачите на клубот ја прифатија со огромно незадоволство.
;Ангеловски е без ангажман откако го напушти селекторското место на репрезентацијата на Македонија по Европското првенство во Полска, односно по повеќе од девет месеци.
Ако Мрме стане тренер на зегребскиот клуб тој повторно ќе соработува со Аријан Адеми, Стефан Ристовски.