Мухамед Зекири и Бисера со емотивни фотографии ја споделија роденденската честитка за ќерката Далија

Далија, ќерката на генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, полни две години. Зекири често споделува фотографии од ќерка си на „Фејсбук“, па така и овој пат објави нејзина слика и емотивна роденденска честитка.

„Бебето е ангел испратен од Бога на земјата за да шири среќа, љубов и живост во семејството. Ние сме повеќе од благословени што имаме мал ангел како тебе. Среќен втор роденден, Далија“, напиша Зекири.

Далија е прво дете на Зекири и неговата сопруга Бисера Јордановска, новинарка и поранешна директорка на телевизијата „Алсат М“. Тие се венчаа во 2019 година, а кум на свадбата им беше тогашниот премиер Зоран Заев. Ова е втор брак за Зекири, кој од првиот брак има уште две ќерки, Лина и Канита.

Scroll to Top