Муса во жешки гаќички во новиот спот на „ДНК“

Облечена во црни жешки гаќички и спортски градник, фитнес-тренерот и кошаркарка на „Вардар“, Едина Муса, вежба и заведува мажи во најновиот спот на „ДНК“ за песната „Дијамант“.  Таа ги собра најголемите симпатии на публиката кои по ова видео ѝ го дадоа епитетот „македонската Ријана“. Коментарите на социјалните мрежи се дека Едина е „жешка, секси, заводлива, вистинска убавица, супер Едина за супер спот“.

Видеото за само три дена има 45 000 прегледи. Дел од коментарите се дека видеото би го гледале пак и отпочеток само заради Едина. Освен неа, во видеото се појавува и американскиот фотомодел Тифани Росарио, кошаркарските ривали Џордон Крафорд и Маркус Гинјард кои играат за „МЗТ“ и „Работнички“ и Буцо Битбокс.

Песната „Дијамант“ е дело на Панчо и Лазар Цветкоски. Андреј и Панчо ја промовираа пред неколку дена кога одржаа тројна промоција, па освен видеото го претставија и ДВД-то од нивниот концерт во живо одржан лани и цедето со најголемите хитови од изминатите 16 години колку што постои дуото.

Scroll to Top