Музичари, глумци, спортисти, сите на мекици кај Мијалкови: Фешта во Мериот за раѓањето на внуката

Вчеравечер во хотелот Мериот, Мијалкови славеа за раѓањето за внуката. Музичари, политичари, спортисти и актери беа поканети на мекици кај балерината и екс-шефот на УБК, Сандра и Сашо Мијалкови. А на забавата, освен што диџеј пушташе музика, пееше и Тамара Тодевска.

Катарина Ивановска, Перо Антиќ, поранешната министерка Елизабета Камчевска-Милевска, глумците Тино и Атанас, фризерот Сретен Костиќ, Олга Костова беа меѓу гостите кои се забавуваа до доцна во ноќта.

За потсетување, Јордан Мијалков, постариот син на Сашо и Сандра, пред неколку дена доби ќерка. Неговата сопруга Анастасија се породи на приватна клиника. Тие минатиот месец направија мала венчавка во кругот на најблиските.

 

 

Scroll to Top