На Горан Алачки му преседна од бившата жена: Не прави театар од мојата почината мајка, таа беше разочарана од тебе

Познатиот музичар, хармоникашот Горан Алачки, пред неколку дена објави дека починала неговата мајка Натка. Веста за смртта ја погоди и пејачката Адријана, која исто така на својот профил на социјалните мрежи се прости од својата свекрва и објави заеднички фотографии.

„Со голема тага и силна болка ја примив веста за смртта на мојата свекрва Натка Алачка. Беше борец, силна, одлучна, но тивка и кревка. Беше пример за сопруга, мајка, баба, пријател. Со неа поминав многу долги години од мојот живот, ми беше поткрепа во животните метежи, се радувавме и плачевме заедно и секогаш ќе ми останат сите нејзини совети како една книга оставена во аманет. Беше прекрасна, грижлива и посветена баба на моите деца. Секогаш велеше ‘терај си ја работата, јас сум тука’. Сега веќе не си тука, но вечно ќе живееш во нашите срца, спомени и времиња. Твоето име ќе се спомнува, затоа што остави добри дела зад себе. Беше столб во семејството, не дозволуваше ниту една бура да те разниша, секогаш беше со главата горе, горда и достоинствена. Сè уште го паметам мирисот на твоите малешевски зелници, пишии и твоите кадн’ки. Никој не знаеше подобро од тебе. Ти благодарам за сè. Летај кај ангелите, светол да ти е патот, почивај барем сега во мир! Лесна ти земја, божествена мајко“ – напиша Адријана

По ова реагираше Горан Алачки, кој вели дека Адријана прави театар од ова, му го користи презимето, пишува поезија сега за неговата почината мајка, а таа била разочарана од неа.

„Почитувани медиуми, ве молам. од загубата на мојата мајка Натка Алачка не правете циркус од изјави на мои бивши членови на фамилијата Алачки, кои лажно го носат тоа презиме и го користат во комерцијални цели и прават театар од тоа. Оставете ја мојата мајка да почива во мир и спокој.  Мојата мајка последните години од животот беше длабоко разочарана од таа личност која сега пишува поезија за неа“ – стои во неговиот пост на Фејсбук“.

Горан и Адријана беа долги години во брак и имаат две деца па ги замоли медиумите да не прават циркус од смртта на неговата мајка, посебно што објавиле дека од неа се простува и неговата бивша жена со која има две деца.

Scroll to Top