По дојавите за бомби денес речиси низ цело Скопје, актерот Игор Џамбазов барем не ја изгуби смислата за хумор. Па вели вака: Дечки, ми треба една информација под итно. Дали некој знае каде нема поставено бомба денес за да пиеме едно кафе на раат. Студио?“.
Објавата на Игор следи откако денес е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатајрон, Џевахир, Управен суд, Куќа на претседателот-Вила Водно, хотел „Мериот“, хотел „Александар Палас“, СЦ „Борис Трајковски“, Железничка станица – Скопје и ФФМ.
Веќе четири мисеци нема дерман од закании за бомби по институциите низ Скопје и речиси сите основни и средни училишта.
View this post on Instagram