На Калин Ивановски му се оствари желбата: тренираше тенис со Ѓоковиќ во Белград

Најдобриот македонскиот тенисер Калин Ивановски, во Белград имаше можност да работи со најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Калин кој напредува на АТП-листата во повеќе наврати посочуваше дека Новак Ѓоковиќ му е голем идол, а Ѓоковиќ исто така го посочи него како голем талент и во интервју кажа дека би сакал да го запознае и да одигра натпревар со него.

На терените во Белград, Калин Ивановски си ја оствари желбата, го запозна големиот Новак Ѓоковиќ, а заедно имаа тренинг-натпревар и тој беше негов „спаринг-партнер“.

Scroll to Top