На Лила ѝ го хакнаа профилот

Водителката Лила Филиповска преку својот фејсбук-профил се пожали дека хакери ѝ го презеле инстаграм-профилот и дека избришале голем дел од фотографиите, ама и луѓето што ги следела.

„Драги пријатели, по 24 часа успеав да го вратам профилот што ми беше хакиран. Бидете внимателни, секој може да биде жртва на сајбер-криминал. Избришани ми се многу фотографии и луѓе кои сум ги следела, а сочувани ми се ‘фоловерсите’ кои сакале да си ги искористат за свои потреби. Ве гушкам“, напиша таа.

Слична видеопорака Лила потоа испрати и преку „Инстаграм“.

 

Scroll to Top