На Несторовски му забранија да зборува, селекторот Ангеловски го тргна од натпреварот со Германија

By

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, објави дека ќе го изостави фудбалерот на Удинезе, Илија Несторовски, за следниот меч со Германија, откако ја видел снимката на која напаѓачот пцуеше во камерата.

Фудбалерот на Удинезе, по синоќешниот натпревар со Лихтенштајн, беше критикуван во јавноста, затоа што по последниот погодок, тој упати пцовки и навреди во една од камерите. Некои побараа тој да биде санкциониран и избркан од репрезентацијата.

Од  „Репортер“ го контактиравме Несторсовски да ни даде објаснување, за кого биле пцостите во камерата, а тој ни рече дека од италијанскиот клуб му забраниле да дава било каква изјава.

„Дадов официјална изјава во врска со тоа вчера и сега забрането ми е од клубот да давам повеќе изјави“, ни кажа Несторовски.

Несторовски ѝ се извини на јавноста за неговото однесување и објасни дека навредите не биле упатени кон македонската јавност. Тој изјави дека тие биле за оние кои му се заканувале на него и неговото семејство. Не можел да разбере како може навивачите да помислат дека навредите биле упатени кон нив и дека Македонија му е пред сè.

„Се извинувам на секој што сметаше дека зборовите се упатени на јавноста. Не се упатени на јавноста, но како што веќе реков, на одредени луѓе. Не го направив тоа под притисок од публиката или од резултатот, туку го направив со студена глава. За мене, Македонија е над сè. Јас гордо ја носев лентата како Македонец во Хрватска и Италија, и сите знаете што значи тоа. И секаде ја претставував Македонија најдобро што можам, бидејќи тие не ја даваат лентата како странец лесно. Како може некој тогаш да помисли дека им се обраќам на сите критичари додека ја имам лентата во тој момент. Беше за поединци“, изјави Несторовски за медиумите по натпреварот со Лихтенштајн.

Селекторот Игор Ангеловски денеска изјави дека откако ја погледнал снимката, утврдил дека таквото однесување од еден репрезентативец не може да помине несанкционирано.

„Вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски. Сега сакам да ѝ соопштам на јавноста дека Несторовски е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија“, изјави Ангеловски за Репортер.

Од Фудбалската Федерација на Македонија, за „Репортер“ ни кажаа дека ќе го почекаат натпреварот со Германија, па ќе излезат со официјален став.

„Засега останува на она што го изјави селекторот Игор Ангеловски. Ние со официјален став ќе почекаме до следниот натпревар“, изјави за „Репортер“ портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.

Во јавноста излезе и ново видео од инцидентот на крајот од мечот со Лихтенштајн во која,  некој го прашуваат: „Нестор зошто“, на што тој одговара: „Не бе, не знам јас, овие клошарите знаат“.

Љубиша Владимиров

 

Ќе ви се допадне

4Anime 4anime safe: Death Note (Dub) Episode 37

AnimeFreak animefreaks website: Umibe no Étranger Episode Full