Наградата ми ја одзедоа, а јас сфатив дека животот ќе биде заебана авантура: Игор Џамбазов се присети на „Златно славејче“

Актерот и шоумен неодамна објави интересна приказна за времето кога настапувал на „Златно славејче“. Вели вака: „Имав 6 години кога пеев на првиот фестивал со оркестар во живо. Во Драмски театар. Ја пеев песната ‘Страшен лав’, со врски, нормално. На крајот од фестивалот некаде зад сцената ми соопштија дека сум го освоил третото место. Знаете ли колку бев среќен? Но, тогаш на сцена стапи суровиот живот. Татко ми Џамбаз, идејниот творец на ‘Славејчето’, едноставно нели, ја поништи одлуката на жирито. Третата награда ми беше одземена заради крстот на челото што татко ми Џамбаз го носеше и тогаш, а и сега. Срамота било неговиот син да освои награда. Се сеќавам дека многу бев навреден. И ми требаше многу време за да разберам што татко ми, всушност, направи тогаш. Наградата ја освои друго детенце, а јас, конечно, сфатив дека животот ќе биде една многу заебана авантура“.

Scroll to Top