На 2 јули, денот кога Влатко Илиевски требаше да го прослави својот 37. роденден, ќе биде објавен најновиот албум со досега необјавени песни од пејачот. Промоцијата ќе биде напладне во ресторанот на ФК „Работнички“ во Градскиот парк.
За потсетување, популарниот македонски пејач и глумец Влатко Илиевски почина на 6 јули 2018 година. Од 7 март 2020 година неговиот јутјуб-канал, за кој се грижи младиот Марко Шипка, постојано се дополнува, а освен неговите најголеми хитови, поставени се и четирите солистички концерти на Влатко во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во МОБ и два што се одржаа во Универзалната сала плус настапите со групата „Морал“, каде што почна да пее на 17 години.
Тука е и неговиот последниот настап во живо што го имаше со момците од бендот на промоцијата на новиот албум „Кофеин блуз“.