На 5-ти октомври во 20 часот, Драган Мијалковски, Славе Димитров, Верица Ристевска, Лидија Кочовска, Сашо Гигов – Гиш, Ѓоко Таневски, Сара Мејс и Ај-Кју во придружба на Биг бендот, со изведби во живо на најголемите хитови ќе го одбележат 50 годишното постоење на еден од најреномираните фестивали во државата, „Скопски Фестивал“. Настанот е во рамките на „Бела ноќ“ .