По објавата дека генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацоски, си ја вработил фризерката во МЕПСО, а потоа од таму излегоа со вест дека била хигиеничарка со плата од 19 200 денари, им се отвори работа и на твитерџиите. На социјалните мрежи почнаа да се вртат твитови за смеење со солзи. Овој пат, 33-годишната фризерка Павлина Котеска од Прилеп стана популарна поради блискоста со македонскиот политичар.