Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, откако вчера, ја стави кацигата наопаку, се качи на мотор и си замина од кривичниот суд, стана главна тема на муабет. И покрај судењето за предметот „Титаник“, кацигата на главта на Јанкуловска, отвори повеќе дискусија. Твитерџиите повторно со доза на хумор ги расположија корисниците на социјалните мрежи. Па така, и овој пат редакција „Репортер“ ги избра најсмешните твитови за кацигата наопаку.