Најстрастни љубители на пури во светот

Големите луѓе и добрите пури отсекогаш оделе заедно. Затоа и не изненадува фактот што некои од највлијателните и најпопуларни личности во светот биле познати по својата страст – пушењето пури. Од кралот Едвард Седми, преку Тито, Черчил, Кастро, па сè до Арнолд Шварценегер, Џек Николсон, Деми Мур и Вупи Голдберг, пурите се задоволство на кое тешко може да му одолее секој човек.

Јосип Броз Тито

Тито е познат како еден од најголемите вљубеници во пурите на овие простори. Тој уживал во добра пура и алкохол, а омилени му биле кубанските пури Кохиба Монте Кристо, кои ги пушел заедно со Фидел Кастро.

Винстон Черчил

Освен во добриот пијалак, Черчил уживал во добрата пура. Омилени му биле кубанските пури. Ги пушел дури и кога не смеел. Пред ручекот со кралот на Саудиска Арабија му било кажано дека пушењето во присуството на кралот е забрането. Черчил низ смеа одговорил: „Пијам пред и по ручек, понекогаш и додека јадам. Исто е и со пурите“. Омилена пура му била од марката „Ромео и Јулија“.

Џон Кенеди

Претседателот на САД 1962 година посакал божикниот подарок да го добие порано – кутија со 1000 кубански пури „Петит упманс“. Тој му дал 24 часа на својот прес-секретар Пјер Селинџер да ги набави за потоа да може да воведе ембарго против Куба. Селинџер не го изневерил Кенеди и му донел 1200 пури.

Фидел Кастро

Кастро е еден од синонимите за пури во Куба. Омилени му биле „Кохиба Корона Еспецијал“.

Марк Твен

Познатиот писател пушел од 20 до 40 цигари дневно. Повремено уживал и во добрата пура, па секогаш избирал нови и скапи пури. Немал фаворит, но не ги сакал пурите „Хавана“.

Џек Николсон

Оскаровецот е толку страстен љубител на пури што се најде и на насловната страница на списанието за пури Cigar Aficionado Magazine. Тој пушел пури дури и во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес додека ги гледал омилените ЛА Лејкерс.

Ал Капоне

Еден од најозлогласените криминалци во Америка уживал во вкусот на пурите додека не бил уапсен во 1932 година.

Мајкл Џордан

Спротивно на фактот дека спортистите водат здрав живот, Мајкл Џордан е познат по својата страст за пури.

Арнолд Шварценегер

Шварценегер почнал да пуши пури зашто таткото на неговата сопруга ја негувал оваа страст. Марија, жената на Шварценегер, не била среќна, но актерот и политичар ѝ одговорил: „Татко ти сигурно не би ми дал нешто што е штетно“. Шварценегер ги преферира пурите од Доминиканска Република.

Вупи Голдберг

Актерката е страстен пушач, а честопати знае да запали и пура. Омилени ѝ се пурите од марката „Кохиба“.

Сигмунд Фројд

Таткото на психоанализата почнал да пуши на 24-годишна возраст. Тој го обожавал вкусот на холандската пура „Лилипут“.

Деми Мур

Холивудската актерка е страстен пушач. Признава, повремено сака да запали „Монте Кристо Џохита“ и да испие чашка коњак.

Пирс Броснан

Поранешниот Џејмс Бонд е чест гостин во клубот „Монти“ во Лондон каде што гостите уживаат во вкусот на најквалитетните светски пури.

Вистинските љубители на пурите и сите оние што сакаат да пробаат од најдобрите бразилски, доминикански, кубански и никарагвански пури, ќе најдат одличен избор на вкусови и огромна понуда во продавницата ЛГА во центарот на Скопје.

Scroll to Top