„Наместо во македонска црква, завршив во затвор“, искрено со Џамбо Агушев

Разговорот со кралот на трубата, Џамбо Агушев, не може да биде досаден. Популарниот музичар е успешен и познат во целиот свет. Тој не само што е забавен туку има и милион случки, кои вреди да се чујат.

Малкумина знаат дека неговото вистинско име е Исеин. Прекарот Џамбо, по кој го препознаваат сите, му го дал легендарниот саксофонист Ферус Мустафов кога имал 11 години. „Брз си како џамбо-џет“, ми рече кога ме слушна како свирам првпат, се сеќава тој.

Од татка си, пак, ја научил и техниката на свирење труба. Вели: „Татко ми и сега е главен во оркестарот, иако сака јас да сум напред“. Од три години свири труба, а денес го знаат сите.

За овие 30 години, настапувал секаде во светот. На еден концерт во Германија ја запознал сопругата Асена, со која е 10 години во брак и имаат две деца.

„Додека свирев, ја видов во првиот ред, убава и русокоса, играше, па почнав да ѝ намигнувам. По концертот, ѝ побарав број и така тргна сè“, вели Џамбо.

За сопругата вели дека е љубоморна и повеќе од што треба и дека да може, би го држела дома барем уште една година оти сега во периодот на короноварусот тој нема настапи.

Со многу емоции зборува и за децата, но и за сестрата, за која вели „намерно ја нервирав кога бевме мали“. За шлаканицата што му ја удрил Ферус и за тоа колку често завршува во полициска станица – има интересни приказни. Но, и за новиот албум, за концертите што му пропаднаа поради пандемијата и како звучи џез на трубата на Џамбо… гледајте го интервјуто.

Андријана Јовановска

Scroll to Top