„Напишав книга. Ми велат како да ја напишал најголемиот фраер на планетава“, се пофали Врчак со новиот предизвик

Македонскиот пејач и композитор Раде Врчаковски Врчак откри дека напишал книга. Откако неодамна се пофали дека во Америка снимил албум на англиски во „Парамоунт студио“ со продуцентите на Бруно Марс, сега вели дека е готова и книгата на англиски, која ќе ја издаде наскоро. Врчак не го откри насловот на книгата, ни темата за која пишувал, но вели дека ја напишал на англиски заради поголем комерцијален успех.

„За време на корона-изолацијата напишав книга поврзана со албумот. Книгата е преубава, мојот пријател Чедо ја прочита и вели како најголемиот фраер на планетата да напишал најубава љубовна книга која ќе има најголем комерцијален успех во срцето на планетата, а на англиски е за максимален практичен успех“, напиша тој на „Фејсбук“ и откри дека по завршувањето на короната, ќе излезе и албумот што го сними неодамна.

Раде Врчаковски-Врчак беше многу популарен во времето кога македоската музичка сцена имаше прогрес, а потоа се повлече од јавноста.

ОВА МОРА СЕКОЈ ЧОВЕК ДА ГО ПРОЧИТА, СПОДЕЛЕТЕ:
: )))))))))))))))))))))
СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА базирано на…

Posted by Раде Врчаковски on Wednesday, March 24, 2021

Scroll to Top