Наполи му честиташе роденден на Елмас

Од италијанскиот клуб Наполи му го честитаа 24 роденден на македонскиот фудбалер Елиф Елмас. Елмас четири години игра за Наполи, тимот со кој минатата сезона ја освои и италијанската лига.

Од Наполи се пофалија и дека за мечот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид на 3-ти октомври, продадени се сите билети, и стадионот „Диего Марадона“ во Неапол ќе биде исполнет до последно место.

Покрај Наполи роденден на Елмас му честитаа и од Македонската фудбалска федерација.

Scroll to Top